Македонија
27. јуни 2017 - 16:56

Оваа година 120 спасители ќе бидат ангажирани на Охридското Езеро

Колку родителите внимаваат на своите малолетни деца додека се на плажа.Со започнувањето на летните одмори стартуваат и ангажманите на спасителите на вода кои изминативе години во најголем број интервенирале кај деца дел од нив заборавени а дел изгубени .Додека туристите одмараат на лежалките правејќи муабет со блиските многу често забораваат на своите деца .После извесен период кога ќе забележат дека ги нема стравуваат и вознемирено бараат помош од спасителите. 24 годишниот Мартин Лечоски кој 7 години е ангажиран како спасител со голем број на интервенции на давеници пред камерата на Сител раскажа за најчестата појава а тое е несовесното однесување на дел од туристите .

Спасителите на вода технички и психофизички се подготвени за делување во новата капачка сезона .Оваа година 120 спасители ќе бидат ангажирани на охридското езеро.

Од охридскиот Црвен крст упатија апел до посетителите  да ги почитуваат препораките а концесиониерите да ги обезбедат потребните услови на капалиштата за што помалку несакани случаи и подобар имиџ на градот.