-->
-->
Ова сигурно не сте го знаеле: PVC прозорците имаат зимски и летен режим - Еве како да ги подесите!
-->
Иако се работи за едноставни работи, многу луѓе не знаат или забораваат дека подмачкувањето е решение доколку ви шкрипи рачката или механизмот.
Доколку редовно ги одржувате прозорите неа да ви биде потребен мајстор.
Металните делови како што се шарките, бравите и системот за заклучување, како и сите подвижни делови од прозорот, потребно е да се чистат и подмачкуваат со специјално масло, барем еднаш годишно.
Во различни временски периоди потребно е да се промени начинот на одржување на прозорите.
Не ви се потребни мајстори за на есен да ги подесите прозорите на зимски режим, а на пролет на летен режим.
Едноставно отворете го прозорот и пронајдете го шрафот на страна каде што се наоѓа рачката, па подесете го со помош на имбус клуч.
Шрафот кој се наоѓа од страната на шарката завртете го навнатре, при што се регулира силата на потисок на прозорската рамка.
Кога мајсторот ви го поставува прозорот најчесто го остава во стандарден односно среден режим.
Доколку не сте сигурни во кој режим ви е прозорот, едноставно со парче хартија притиснете го крилото.
Доколку можете без проблем да ја извадите, наместено е на летен режим, а доколку се скине при вадењето тогаш е на зимски режим.
Не е пожелно да ги оставите вратите и прозорците на зимски режим цела година бидејќи оптоварувањето на гумата е зголемува, па брзо се троши.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово