Ракомет
19. January 2018 - 17:14

Ова се квотите за главната фаза: Зошто обложувалниците не веруваат во Македонија?!

Репрезентацијата на Македонија на ЕП во Хрватска игра фантастично, а тоа го докажа и во групната фаза, каде победивме против Словенија и Црна Гора, а на чекор бевме до победа и против Германија, но сплетот на околностите сакаше да одиграме реми.

Екипата на Раул Гонзалез игра со голем мотив и самодоверба, што ни дава за право да веруваме во евентуално полуфинале, кое ќе биде круна на играта на ова Европско првенство.

Но обложувалниците се уште не веруваат во Македонија. Коефициентот на нашата репрезентација во конкуренција со селекциите на Данска, Шпанија, Германија, Словенија и Чешка да обезбедиме место во полуфинале е дури 15.75.

Селекцијата на Данска е прва со коефициент 1.85, Шпанија има коефициент од 3.85, Германија 4.65, а зад нас се уште Словенија со 30 и Чешка со 62 коефициент.

Фаворити на букмејкерите за освојување на златен медал е Франција со 3.2, Данска 3.8, Германија со 6, Шпанија 8.5, Хрватска 9, Норвешка 8.25, Шведска 11.75, Македонија со 28, Словенија 52 и Чешка со 125.

Извор: СпортКлуб