Бизнис
7. February 2018 - 14:21

Ова никој не може да го објасни: Додека биткоинот и останатите криптовалути паѓаат, една вртоглаво порасна за 538 отсто

Биткоинот изгуби уште 13 отсто од вредноста, спуштајќи се на ниво под 6.000 долари, со што најпозната светска вирутуена валута од почетокот на 2018 година изгуби повеќе од 50 проценти од вредноста.

Пазарот на криптовалути падна на најниска вредност од ноември, а ниту една од првите 100 дигитални валути не забележа раст, освен една.

Станува збор за канадскиот е-коин (ЕЦН), а интересно е што неговата цена и натаму расте, додека другите криптовалути паѓаат на најниска вредност. За помалку од 24 часа, е-коинот скокна за дури 538 отсто.

Е-коинот базиран е на канадска платформа, на ранг на парички е 91. За оваа валута тврдат дека може да им помогне на земјите во развој како Индија и Бангладеш, да го контролираат протокот на пари и да го спречат неговото перење, но и да се борат против корупција.

Оваа валута ја разви група австралиски програмери, а со неа може да се тргува на платформите за размена како што се CoinExchange, YoBit и C-CEX.

Моменталната цена на крипто е-коинот е 28, 69 долари.