Џет-Сет
26. November 2017 - 20:26

Ова никогаш не може да се заборави: Лепа Брена сакала, љубела, плачела, но од ова, таа и Боба никогаш нема да се опорават

Најголемата балканска ѕвезда Лепа Брена и поранешниот тенисер Боба Живојиновиќ прославија три децении од бракот. 
 
Нивната љубовна приказна почнала во 1986 година. 
 
- Кога го сретнав Бобо, ми се допадна неговата спонтаност и искреност и знаев дека тој како и јас нема време за губење, бидејќи тогаш нашите кариери беа на врвот. Си реков на себе- сега или никогаш. Се сеќавам, се запознавмена премиерата на филмот „Ајде да се сакаме“ во Домот на синдикатите. Не запозна нас, Рака ѓокиќ. Се сеќавам дека давава интервју и дека Рака со новинарката ме заклучи во канцеларија за да можеме нормално да зборуваме. По некое време Рака влезе, се присетува Брена. 
 
- Брена требаше да ја запознаам уште порано бидејќи сакавме таа да ни пее на тенискиот турнир, но нејзиниот менаџер Рака ѓокиќ, подоцна и наш кум, ни се оправда дека таа има обврски, но навистина  е така, таа постојано настапуваше. Кога конечно стигнавме да се запознаеме, брена ми пријде и ми рече: Каде си ти сите овие години? Тоа беше судбоносна средба, а првите неколку месеци беше многу тешко. секој слободен момент го користевме да бидеме заедно. Летав од Ибица и Цирих за да ја видам, раскажал поранешниот тенисерки шампион. 
Свадбата на двете ѕвезди беше опишана како „венчавката на векот“, а после тоа излегоа VHS касетите, што во тоа време не било вообичаено. 
 
Bрена и Боба во бракот поминале се. како што изјавила Брена, имало љубов и смееа и солзи. 
 
- Боба и јас ја имавме таа среќа да растеме заедно низ бракот,з аедно се смеевме, плачевме, се поминавме заедно, киднапирање на детето, распадот ан државата, смрт на родителите... Тогаш гледате дека личноста која е крај вас навистина е вашиот животен сопатник. Бидејќи, лесно е да се биде добар кога се е добро, рекла пејачката. 
 
- Постојано се лутевме еден на друг. Во бракот мора да постои договор, а Балканците се навикнати да бидат апослутни лидери во се. едноставно, жената е составен дел од семејството и со неа морате да се договарате за се за некои важни работи: работни, околу децата, куќата, има две илјади работи, рекла Лепа Брена. 
 
 Сепак, како најголемата траума од минатото и двајцата го издвојуваат киднапирањето на синот Стефан додека беше дете. Пред 17 години, осумгодишниот Стефан, синот на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, го киднапирале непознати лица. околностите на овој случај никогаш не се разјаснети, а пејачката и денеска со болка се присетува на тој период, кој и предизвикува голема тага во животот. 
 
- Најтешките и најдобрите работи кои беа за мене најболни се: киднапирањето на мојот син, смртта на рака Ѓокиќ и распадот на земјата, рекла пејачката