Џет-Сет
23. September 2017 - 18:04

Ова е венчаницата која Каролина ја избрала за свадбата

Нашата најпопуларна поп-пејачка конечно денеска ќе го изговори судбоносното „да“ на својот избраник Михаил Корубин.

Во венчаница купена од  Италија, поп-пејачкта Каролина Гочева денеска се  мажи пејачката. И покрај претпоставките дека свекрвата Лиле Корубин која е истакнат моден дизајнер, би можела да и ја дизајнира венчаницата, сепк поп-ѕвездата ќе носи дизајн од Италија.

Се зборува дека свадбената веселба ќе биде под шатори, надвор од Скопје, наводно во близина на Општината Петровец. Поп-пејачката мислела на сè, па ангажирано е и обезбедување, кое  ќе го чува просторот за да не може да се фотографира.

Каролина пред две недели направи моминска вечер на која беа поканети нејзините најблиски другарки, но и колешки од естрадата.