Балкан
1. July 2016 - 15:10

Ова е попот - монструм кој силуваше малолетничка на гробишта и во црква

Попот Милован Џокиќ од селото Плочица во Србија силувал 13-годишно девојче.
 
58-годишниот свештеник е осуден на пет години затвор за грозоморното дело кое го направил. Тој беше уапсен на 21. март 2014 година откако бабата и дедото на девојчето каде тоа било на гости, пријавиле за настанот. Тој два пати ја обљубил малолетничката и тоа еднаш на гробишта, а еднаш во црква.
 
– Откако ме силуваше ми рече “Ти си добра и чесна, треба да одиш во црква и на училиште“. Ме болеше страшно, се плашев некому да кажам, кој ќе ми веруваше?, вели девојчето за Информер.
 
Потоа повторно се обидел да ја силува но во црковното училиште дошло едно момче и попот престанал. За Бадник ја викнал дома да помогне на жена му. Таа сфатила дека е сам и пијан.
 
Инаку, тој бил поп во селото од 1983. година. Овој настан ја згрози јавноста, а дури сега излегоа деталите за него.