Балкан
28. јуни 2017 - 14:54

Ова е полицаецот што испука 7 куршуми во сопругата додека спиела во куќата на своите родители

Во Цазин, БиХ синоќа околу 19 часот се случи страотно злосторство кога полицаецот Рифет Лулиќ (45) вработен во полициската станица Цазин со пиштол ја усмрти сопругата Мирела (37).

Суровото убиство на сопругата која му родила две деца, Лулиќ го извршил во куќата на нејзините родители, каде несреќната жена побегнала поради проблемите во бракот.

Според неофицијалните информации, Лулиќ во својата жена испукал седум куршуми и тоа додека спиела. Во тој момент родителите на жената биле во градината покрај куќата.

Полицијата набрзо дошла на местото и го уапсила убиецот.

Мештаните велат дека полицаецот Лулиќ наводно имал љубовна врска поради која жената го напуштила.