Живот
20. јуни 2016 - 18:34

Ова е најсмртоносно дрво во светот

Сите кои планираат да го посетат јужниот дел на Северна Америка и северниот дел на Јужна Америка, би треалодобро да го запомнат името HIPPOMANE MANCINELLA, затоа што сѕанува збор најсмртоносно дрво на светот.

Mancinella е толку опасно дрво што претставува опасност за човечкото здравје и кога човекот едноставно стои под неговата крошна.

Пописот на начините на кои ова дрво може да убие човек е подолг. Освен плодовите кои се отровни, многу е отровен и сокот кој се излачува од стеблото на ова дрво, а може да предизвика тешки изгореници при контакт со кожата.

Отровна е кората на дрвото. За тоа колку е таа закана говори и фактот дека многу туристи и покрај предупредувањата, настрадале кога од дожд се обиделе да се засолнат под него. Капките дожд со себе повлекле и отров од лисотвите, па така дури и толку малите количества нанели сериозно штети по човековото здравје.

Чадот кој настанува со палење на ова дрво е толкку токсичен што во краток временски рок трајно ослепува секого што ќе се најде во близина. 

.