Македонија
20. January 2018 - 19:36

Ова е моменталната состојба на патиштата низ Македонија

Сообраќајот во Македонија се одвива по влажни коловози. Низ целата земја врне дожд, додека снег врне во Крива Паланка, Страцин, Куманово, Тетово, Попова Шапка, Гостивар, Стража, Маврово, Павлешници и Кула, информираат од АМСМ.

Поради појава на магла, додаваат оттаму, намалена е видливоста на Плетвар од 50 до 100 метри.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот.