Македонија
12. February 2018 - 23:29

Ова е Александар Миновски - планинарот кој загина на Кајмакчалан

Александар Миновски е момчето кое вчера заедно со Калина Велевска беше пронајден мртов на планината Кајмакчалан.

Групата планинари откако ја преминале грчката граница, забележале дека Александар и Калина не се со нив и пријавиле во полиција.

Вчера попладне беа пронајдени нивните безживотни тела.

Миновски ги искачил и Мон Блан, Брајтхорн, Титов Врв и многу други.