-->
-->
Отворени врати на „Јане Сандански“ за мечот МЗТ Скопје – Морнар
-->
Управата на МЗТ Скопје Аеродром реши да ги отвори вратите и да им овозможи бесплатен влез во салата „Јане Сандански“ на сите кошаркарски вљубеници кои во живо ќе сакаат да го проследат дуелот против црногорски Морнар последен за македонскиот кошаркарски шампион за сезонава во регионалната АБА лига.
Како што сто на официјалната веб страна на клубот „Челниците на клубот на ваков чекор се решија како благодарност на сите кои изминативе месеци доаѓаа на трибините во спортскиот комплекс во населбата Аеродром и даваа поддршка на кошаркарите во сино-бела опрема. Утрешниот меч нема резултатско значење со оглед на обезбедениот опстанок во регионалното натпреварување, но тоа не значи дека избраниците на тренерот Анте Назор нема да дадат сѐ од себе за да дојдат до деветата победа на МЗТ Скопје Аеродром со која ќе биде ставен позитивен крај на сезоната во АБА лигата“.
Дуелот меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Морнар е претпоследниот од лигашкиот дел.
Во последниот, вечерва во Белград од 21 часот, актуелниот шампион и лидер на табелата Црвена Ѕвезда ќе ја пречека екипата на Будуќност која најверојатно ќе биде и противник на црвено-белите во полуфиналето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња