Свет
2. January 2018 - 14:15

Отворени сите гранични премини меѓу Ирачки Курдистан и Иран

Трите гранични премини меѓу Иран и Ирачки Курдистан се отворени, соопштија денеска претставници на Техеран и Ербил.

Техеран, претходно ги затвори трите премини на барање на Багдад, откако кон крајот на септември во Ирачки Курдистан беше одржан референдум за независност. 

Станува збор за премините Первезхан, Башмак и Хаџи Омран. 

Затворањето на граничните премини имаше негативни последици по економијата на Ирачки Курдистан.