Македонија
10. August 2016 - 11:26

Отворени основните училишта во Кисела Вода за донирање помош за поплавените

Општина Кисела Вода ги отвори сите основни училишта на своја територија за собирање хуманитарна помош за настраданите од поплавените подрачја. Сите хумани граѓани од 8 до 16 часот, во рамки на своите можности, можат да донираат.

За хуманитарна помош се отворени и месните заедници низ општината, од 6:30 до 22 часот. Граѓаните во близина на својот дом, можат да достават помош за настраданите. Во моментов најпотребни се вода во шишиња, конзервирана и бебешка храна и хигиенски средства.