Бизнис
3. November 2016 - 20:18

Отворени денови на Агенцијата за храна

Денеска, во рамките на вториот циклус на проектот “Отворен ден со граѓаните на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ)”, непосредни средби со граѓаните и со претставници од компаниите кои оперираат со храна,  се одржаа во ПЕ во Прилеп, чија цел е добивање реална слика  за состојбите на терен, како и барањата на граѓаните и фирмите од овој стопански сектор.
 
Претставниците од АХВ ја посетија и ПИ “Витаминка”. Од АХВ велат дека ваквите средби, кои ке продолжат во сите поголеми градови во земјава, се значајни, бидејки само на тој начин може реално да се следи квалитетот  на храната и пропишаните стандарди за нејзино производство.