Бизнис
29. November 2017 - 19:34

Отворена стечајна постапка врз Фени, неизвесна судбината на 850 вработени

Фени отиде под стечај. По неколку часа расправа судот во Велес одлучи да го прифати барањето на банките за отворање стечајна постапка  за комбинатот.

Тие сега имаат рок од 15 дена да ги достават своите барања. Сопственикот Кунико побарал одложување на рочиштето и изземање на судиката со образложение дека била пристрасна, но судот овие барања ги одбил.

Банките не ја прифатиле ниту понудата од 35 милиони евра од Енекод затоа што за сумата немале гаранција и до почетокот на рочиштето не ги уплатиле парите за плата на работниците.

 Од Енекод  се револтирани затоа што досега неколку пати дале понуда но не знаат зошто ниту една не била прифатена од банките.

Работниците не се задоволни од исходот,  но велат дека сега ќе ги држат за збор сите оние кои ветувале дека проблемот бргу ќе биде решен ако за комбинатот биде отворена стечајна постапка.

Банкарите веќе посочија дека има заинтересиран инвестирор кој ако отиде Фени под стечај веднаш ќе депонира 3 милиони евра.

И од Владата неколку пати потенцираа дека нема да дозволат Фени да престане со рабоа и ако има стечај процесот ќе трае кратко.