Свет
3. December 2015 - 9:02

Отворена постапка за покренување импичмент против Дилма Русеф

Спикерот на бразилсиот Конгрес, Едуардо Куња синоќа отвори постапка за покренување импичмент против претседателлата на Бразил, Дилма Русеф.

Постапката е отворена поради сомневањата дека Русеф ги прикршила законските одредби, при управувањето со минатогодишниот буџет на државата.

Претседателката минатата година беше одново избрана на функцијата, но оваа година забразано ја губи подршката кај бразилските гласчи, откако се најде меѓу осомничените во врска со корупцискиот скандал во државната нафтена комапнија „Петробрас“.

- Јас сум шокирана и навредена од ваквото решение. Немам ништо лошо сторено, изјави Русеф во своето обраќање преку националната бразилска телевизија.

Претходно, таа свика вонредна седница на Владата, по која беше издадено соопштение во кое се изразува уверувањето дека барањето за импичмент нема да биде прифатено од Конгресот.

За да започне процесот на импичмент потребна е согласност на две третини од пратениците. Владејачката коалиција, што ја предводи Русеф, има мноззинство во бразилскиот Конгрес.

Барањето за покренување постапка за отповикување (импичмент) на претседателката го поднесоа неколкумина членови на опозицијата, како и угледниот бразилски правник Хелио Бикудо.

Постапката ја поддржа и сенаторот Аесио Невеш, кој беше кандидат на десноцентристичкиот блок на минатогодипните претседателски избори и главен конкурент на Русеф, но малкумина од домашните набљудувачи веруваат дека ќе дојде до импичмент на претседателката.

Спикерот на Конгресот, Куња и самиот е меѓу осомничените во корупцискиот скандал со „Петробрас“.