Македонија
24. March 2016 - 15:32

Отворена книга на жалост за жртвите на терористичките напади во Брисел

Книга на жалост за загинатите во терористичките напади во Брисел е отворена денеска во просториите на ЕУ-инфо центарот во Скопје.

Според официјална информација од белгиските власти, во двата терористички напади што завчера се случија на бриселскиот аеродром „Завентем“ и на метро-станицата Малбек, загинале вкупно 31 лице, а 300 се ранети, од кои 150 се уште се во болница.

Белгија прогласи тридневна жалост за жртвите во нападите. 

Одговорноста за нападите во Брисел ја презеде Исламска држава.