Македонија
7. September 2016 - 17:47

Отворена 14. Меѓународна ликовна колонија „Карпино“

Мултимедијалното здружение „Карпино“ денеска во кумановската населба Карпош ја отвори 14. Меѓународна ликовна колонија „Карпино“, на која учествуваат 16 уметници од Романија, Бугарија, Србија и од Македонија.

На изложбата уметниците ќе творат во класични техники, акрил и масло на платно. Колонијата ќе биде отворена и за јавноста, така што заинтересираните ќе може да ги посетат уметниците додека творат, соопштија организаторите. 

Уметничкиот директор на колонијата Мирослав Величковски изјави дека покрај сликањето, предвидено е да се одржат драмски вечери. Ќе биде изведена преставата „Госпоѓа министерка“ на кумановски дијалект. Во колонијата се вклучува и Фото кино клуб „Козјак“ со изложба на фотографии. - Со текот на годините напрвивме успешна урбана колонија, додаде Величковски. 

Колонијата ќе трае до 14 септември, а создадените дела ќе бидат изложени првин пред кумановската јавност, а  потоа низ градовите во Македонија.