Македонија
15. March 2016 - 16:23

Отворен Центар за цистична фиброза

Македонија доби Центар за цистична фиброза. Над 100 тина пациенти со оваа ретка болест на едно место ќе имаат дијагностика, третман и рехабилитација согласно европските стандарди. Во просторот кој е сместен во новата детска болница во Козле има и генетска амбуланта. Родители кои се сомневаат дека некој од нив е носител на генот,  можат да го однесат детето на испитување.

-Ова е најсовремен центар не само во земјата туку и во регионот.набавката на лековите за цистична фиброза од годинава ја презема Министерството за здравство. Со тоа, , сериозно се растовари и буџетот на Детската клиника, а нормално не се оптоварува и буџетот на Детската болница во Козле, со што овозможуваме простор за натамошен развој во Детската клиника на методи кои досега не се работеле, но во правец на педијатриската патологија,  изјави  Никола Тодоров, министер за здравство.

Не само деца туку во Центарот ќе ги третираат и возрасните со Цистична Фиброза.  На едно место ќе им бидат направени  сите неопходни испитувања а оние кои ќе бидат хоспитализирани.

 - Се работи за осум еднокреветни соби со кои можеме да ги опслужиме сите пациенти што моментално се водат во регистарот за цистична фиброза во Република Македонија. Ќе има и амбуланти, дневна болница. Она што е многу битно е дека децата комплетно ќе имаат мултидисциплинарен пристап и сите услови од престој до дијагноза, изјави Оливер Зафировски, директор на болницата за деца во Козле.

-Ќе помагаме и ние со нашата стручност и знаење, изјави Аспазија Софијанова, директор на Клиника за детски болести.

Голем број физиотерапевти и пулмолози ќе работат во новиот Центар за цистична фиброза. Порано овие пациенти се соочувале со проблеми меѓу кои и недостаток на стручен кадар. Со новиот центар очекуваат голем напредок во подобрување на третманот и продолжување на животниот век.