Македонија
5. July 2016 - 16:26

Отворање на меѓународниот „Летен Кампус 2016“ во „Пепелиште“

Питомците од Воената академија во Македонија ќе разменуваат искуства со своите колеги од земјите членки на НАТО.

Денеска во центарот за обука Пепелиште почна летниот кампус. Учествуваат 296 воени питомци од 13 земји членки и партнери на НАТО.

Две недели трае летниот камп.Учесниците имаат теоретска и практична настава. Кампусот завршува со генерална вежба.

Обуките ќе ги реализираат експерти за постконфликтни ситуации.

Летниот кампус во центарот за обука Пепелиште се организира седма година по ред.