Македонија
23. October 2017 - 17:59

Отсуството на патната инфраструктура го иселува долненското село Вранче

Едно од најживописните села во долненско, селото Вранче, последниве години се соочува со засилена миграција, која според мештаните се должи на отсуството на патна инфраструктура. Парадоксот да биде поголем, како што раскажуваат самите жители, некогаш, токму овде поминувал патот “Виа Игнација”, а сега, за само неколку километри патна мрежа, на која чекаат со години, луѓето масовно се исселуваат.
                             
Ова населено место има плодно земјиште и одлични услови за развој на земјоделството, а особено на сточарството, но, тоа е отсечено од светот поради неможноста за било каква комуникација, транспорт и сообраќај.
 
Инаку, според последниот попис на населението од 2002 година, овде живеат околу стотина жители од македонска националност, кои сметаат дека доколку се направи пат селото ќе престене да се исселува, а голема е веројатноста полека да почнаат да се враќаат и некои од веќе исселните.