Македонија
17. March 2018 - 20:46

Отстранети непрописно паркираните возила во Дебар Маало и Градски парк

 Акција за отстранување на сите непрописно паркирани возила во Дебар Маало и Градски парк, денеска е спроведена од страна на ЈП ПОЦ, ЈП „Градски паркинг“, СВР Скопје и комуналните инспектори на општина Центар.

Акцијата, која ќе продолжи редовно е поради сообраќајниот метеж и паркираните возила по улиците и тротоарите кои го оневозможуваа нормалното движење на пешаците и безбедно возење.

- Општина Центар нема да дозволи хаос во паркирањето кое е на штета на граѓаните, се наведува во соопштението на прес-службата на општината.