Бизнис
21. March 2018 - 21:25

Отпуштените просветни работници од Битола бараат средба со градоначалникот

Претставници на координативното тело на седумдесетина отпуштени работници од основните и средните училишта како и од градинките во Битола бараат средба со градоначалничката Наташа Петровска за да добијат објаснување зошто на лица кои работеле повеќе од две години во овие институции не им е продолжен договорот за работа или не им трансформиран работниот однос. Отпуштените просветни работници обвинуваат дека покрај правните, се кршат и моралните и етичките вредности на кои учи образованиот процес.

Градоначалникот Наташа Петровска заради веќе предвидени состаноци и активности денес не ги прими претставниците на Координативното тело, а од Општина Битола немаа одговор на прашањата на отпуштените просветни работници. Повеќето од нив потврдија дека покренале постапки пред судовите и очекуваат правичен епилог.