Бизнис
11. October 2017 - 21:33

Отпадот ќе се користи за производство на органско ѓубриво

Наместо на депонија органскиот отпад ќе се користи за производство на органско ѓубриво.  Домакинствата од десетте општини од југостокот на државата повеќе нема да го фрлаат ваквиот отпад и од него ќе произведуваат компост. За таа цел 400 домакинства и земјоделци од регионот добија мали компостери наменети за преработка на отпадот што го добиваат од домакинствата и од нивите. Компостерите, но и серијата обуки како истите да се користат беа обезбедени преку центарот за развој на Југоисточниот плански регион во рамки на проектот ,, Размислуваме за компостирање – посветени на одржување на органскиот синџир,,.

- Основната цел на овој проект и целата идеја на овој проект е подигање на свеста на граѓаните како органскиот отпад да се преработува и да се одлага со цел да се добие корисен продукт од него,  а не да се полнат дивите депонии во регионот. Корисноста е огромна. Луѓето се повеќе се стремат кон користење на процесот на компостирање.  Доста луѓе се информираа и како сами може да креираат домашен компостер, не мора да бидат овие компостери кои ние им ги доделуваме, туку секој сам дома може да си направи свој компостер и органскиот отпад да го преработува, вели Мима Станоевска – Центар за развој на ЈИ регион

Проектот чини 120 000 евра, а е финансиран од првиот повик на ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија . Неговата реализација започна лани во декември, а  планирано е  да заврши во јануари 2018 година.