Бизнис
30. November 2016 - 21:16

Откупот на тутунот тече без проблеми, просечната цена изнеусва 190 денари за килограм

Откупот на тутун тече без проблеми. За две недели колку што трае предавањето на новата реколта  од страна  на откупните организации биле преземени околу 3 милиони килограми суров тутун со просечна цена од 190 денари за килограм.  Од државниот земјоделски инспекторат велат дека  со стартот на откупот на терен се и нивните инспектори, но до сега немаат добиено никакви поплаки или забелешки ниту од тутунопроизвосителите, ниту од поверениците на здруженијата.

-До сега нема поплаки од страна ниту од земјоделците, ниту од поверениците кои што ги има од страна на здруженијата дека се врши одредена манипулација или нереален откуп. Согласно информациите проценката е реална, квалитетот на тутн е добар оваа година и се надевам дека и во наредниот период  до завршувањето на самиот откуп ќе остане без проблеми, вели Цветан Трифуновски – директор на државен земјоделски инспекторат

Според првичните проценки годинава се очекува да бидат предадени околу 20 000 тони суров тутун. Во моментов откуп вршат шест од вкупно  десетте компании  кои се во регистарот на министерството за земјоделие. Откупот се врши на 138 ваги во сите делови од државата.