Бизнис
13. August 2015 - 20:20

Откупниот центар за јаболка Епл Ленд почнува со работа во септември

До крајот на септември ќе започне со работа новиот современ откупувачко- дистрибутивен центар “Ејпл Ленд” во Ресен, преку кој ќе се олесни пласманот на ресенските  земјоделски производи, особено на преспанските јаболка. Освен олеснување на пласманот, оваа капитална странска инветсиција треба да обезбеди и бројни вработувања за локланото население од овој регион. 
 
Според познавачите на приликите, отворањето на овој откупно-дистрибутивен центар во Ресен, ќе значи и решавање на проблемите на преспанските земјоделци кои со години мака мачат при складирањето и чувањето на родот, кој заради несоодветните услови губеше и од квалитетот и од квантитетот