Македонија
3. October 2015 - 16:12

Откриени лицата што прскаа со спреј во училиштето „Арсени Јовков“ во Скопје

Откриени лицата кои прскале со спреј  во Арсени Јовков.  Двајца се малолетници и ученици во средното училиште, а средството кое најчесто се користи во самоодбрана  во училиштето го донел 20 годишниот Никола Џиковски. По целосно завршување на истрагата МВР  ќе им поднесе кривични пријави  за предизвикување општа опасност. Осомничените изјавиле дека немале намера никого да повредат, туку меѓу себе си играле со спрејот кој има голема надразнувачка моќ. Додека се бркале меѓу себе по ходниците прскале со пеперот.

 - Се уште се работи на целосно документиранње на случајот. Според досегашните сознанија, трите лица дошле до т.н. пепер спреј со кој најпрво се прскале меѓу себе, а потоа го употребувале и во ходниците и простсориите на училиштето, изјави Иво Котевски, портпарол на МВР.

Министерот за образование е задоволен што полицијата бргу ги открила сторителите кои прскале со спреј во Арсени Јовков.

-Овој настан треба да ни послужи да се подигне нивото на безбедност и сигурност во училиштата. Исто така, овој настан треба да им служи и на останатите училишта и нивните директори за повеќе да се ангажираат за безбедноста на учениците во училиштата. Апелирам до сите директори на основни и средни училишта во Македонија повеќе да работат и со родителите, и со наставниците, и со учениците, но и со лицата кои ги имаат ангажирано за обезбедување на училиштата, изјави Абдулаќим Адеми, министер за образование и наука.

Во средата попладне со симптоми на труење  на Токсикологија завршија 13 средношколци  и еден професор, а во 8 септември беа примени три ученички. Се жалеле дека имале иритирачко кашлање, печење во грлото и солзење на очите. По укажаната лекарска помош пуштени се дома и немаат компликации по здравјето.