Свет
26. јуни 2017 - 21:45

Откриени десет нови масовни гробници во Конго

Властите во Конго открија десет нови масовни гробници во регионот во кој војската и полицијата меѓусебно се обвинуваат дека вршат егзекуции и погребувања.

Информацијата за 10 нови гробници ја објави војската, а од август минатата година се откриени вкупно 52 гробници.

Телата од новооткриените гробници ги ексхумирале работници на Црвениот крст и засега не се знае колку лица се погребани во нив.

Воениот обвинител Јозеф Понде изјави дека борците на полицијата Камуина Нсапу, која бара повлекување на воените сили од тоа подрачје, се осомничени за закопување на телата во гробниците, а истата група е обвинета и од Владата за масовни гробници во соседниот регион.

Според изјави од сведоци, телата до гробниците биле превезувани со воени камиони