Живот
21. December 2015 - 11:22

Откриена тајната на „храбриот“ Бразилец - Тврдеше дека се сликал на карпа висока 300 метри, а всушност...

Фотографијата која го обиколи светот, каде Бразилецот Луис Фернандо Кандела виси на карпа висока 300 метри излезе дека е измама.
 
Кандела објави фотографија која го одзема здивот, над плажата на местото Педра До Телеграфо, а под неа напишал...
 
„Ова е дефинитивно најопасниот потфат во мојот живот. Единствено нешто што ме држеше е мојата сила. Целиот труд од теретана е заслужен за ова. Мојата девојка беше преплашена, но јас бев решен да се сликам“.
 
Сепак љубопитните туристи се одлучиле да го посетат местото и да ја видат карпата. И имале што да видат, карпата била висока само 2 метра, но камерата на Кандела го направила похрабар отколку што навистина е.