Балкан
15. March 2016 - 20:55

Откриен Хепатитс А кај дете бегалец во Пиреја

Грчките власти денеска соопштија дека Хепатитис А е откриен кај едно момче бегалец, кое се наоѓа на патничкиот терминал во пристаништето Пиреја, јави грчката новинска агенција АНА.

Детето е примено во атинската детска болница „Аја Софија“.

Лекарите го прегледале семејството на момчето и почнале со вакцинација.

Претседателот на Лекарското здружение Пиреја, Никос Малесиотис изјави дека специфичниот случај е ставен под контрола. Тој додаде дека кај друго момче имало мали сипаници.

Тоа е втор забележан случај на Хепатитс А кај бегалците кои пристигнуваат во Грција.