-->
-->
Откриен е идентитетот на лицата кои се одговорни за лажните дојави за бомби во Русија
-->
Директорот на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) Александар Бортников, наведе денеска, дека на руските власти им е познат идентитетот на четворицата државјани на Русија, кои се одговорни за лажните закани за бомби.
Анонимните телефонски повици, што беа направени во текот на изминатиот месец, предизвикаа голем метеж во трговските центри, железничките станици, како и јавните згради насекаде во Русија, поради што голем број лица во неколку наврати беа евакуирани.
Бортников посочи, дека станува збор за четворица руски државјани кои живеат во странство, додавајќи дека тие имале „соучесници“ во Русија.
Тој истакна дека, Москва соработува со со странските безбедносни органи со цел да ги лоцира осомничените.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра