Балкан
29. May 2016 - 19:55

Отишла да најде работа и останала шокирана: Исповед на девојка која се обидела да добие работа во Шведска

Две години работела како архитект во Србија за плата од 25.000 динари, а потоа се одлучила да напушти се и да оди на некое подобро место.
 
- Се решив да си ја пробам среќата и да побарам работа во некоја од „ветените земји“. Изборот падна на Стокхолм, резервирав билет и отидов кај другарка од факултет која веќе имаше најдено работа во главниот град на Шведска, - ја започнува својата приказна оваа Србинка.
 
Станците ги гледаат балканците како некој пто знае за што живее и кој има време за себе, за пријателите и за шетање, но оваа девојка вели дека тоа е така за оние кои немаат работа.
 
- Отсекогаш ме нервирале луже кои немаат поима колку е тешко да се преживее месец со 200 евра плата. И таа „среќа“ ја имаат само неколкумина кои успеале да најдат некаква работа. Меѓу нив сум и јас, иако себеси не се сметам за среќна девојка...
Кога конечно пристигнала во Шведска, прво нешто што помислила било „многу е студено“. Земала мапа и започнала потрагата.
 
- Секој ден минував раличен дел од градот. имав список на фирми, компании кои сакав да ги посетам и да оставам CV. Во секој случај, сите ме пречекаа со раширени раце! не можев да верувам! Не само што ме пуштија да влезам, туку ме дочекаа со насмевка, некои ми понудија кафе, сок... Зборуваа со мене и посветија од своето драгоцено време!, - вели девојката.
 
После првиот ден, таа имала уште посилна желба да ја напушти Србија.
 
- Кога прашував на улица за некоја адреса, сите ми помагаа. и кога не знаеа за нешто, ги ваде своите телефони и на мапата ми објаснуваа како да стигнам до тоа место. беа љубезни и насмеани.
 
За овие седум дена, колку што останала во Шведска, посетила неколку компании и бироа, оставила своја биографија и одлучила да се пресели во првата можност.
 
- По враќањето во Србија, сфатив дека сме децении (ако не и стотици години) далеку од еманципирана Европа и прво треба да научиме да се почитуваме меѓусебно како човечки суштества. По неколку недели, ги добив првите пораки од Шведска. Не би сакала да бидам баксуз, но можеби среќата конечно ќе ми се насмевне...