Македонија
22. January 2017 - 16:29

Отец Ивица Тодоров од МПЦ: Целта на Сорос е човештво без човек, без идентитет

Повисоки месечни плати добиваат првите луѓе на фондацијата СОРОС Македонија, пишува интернет страницата Курир. Според текстот објавен на порталот, Претседателката Фани Каранфиловска пред две години си ја зголемила платата за дополнителни 650 евра. Така во 2014-тата, земала месечен бруто приход од 2.750 евра а една година подоцна платата и се зголемила на 3.400 евра. Според Курир, на овој начин Каранфиловска за две години заработила над 4,5 милиони денари.

Она што просечниот македонски граѓанин го заработува за 10 месеци, Каранфиловска го добива за еден месец, пишува интернет порталот.

Сепак таа не е единствената која зема милионски суми во СОРОС Македонија. Курир открива дека и Владимир Милчин месечно има плата од 3.600 евра или годишно по основ на лични примања уредени со договор, заработува над 2,5 милиони денари.

На високите плати кои ги добиваат во Фондацијата, завчера реагираше и граѓанското движење „Стоп операција СОРОС“ кое обелодени дека на платниот список на „Сорос Македонија” е и сопруга на осомничен во случајот „Пуч”која за две години заработила скоро 83 илјади евра.

Сител се обиде да контактира со Фондацијата СОРОС Македонија за да одговорат дали е точно дека Претседателката Каранфиловска си ја покачила месечната плата, но не доби ниту писмен одговор преку електронската пошта ниту пак одговорија на телефонските повици.

Инаку токму несфатливо високите плати во СОРОС предизвикаа полемика и револт меѓу учесниците во насилните протести кои се случуваа во Скопје.. Професорката Мимоза Ристова на својот фејсбук профил напиша:

- Лесно ви е да сте опозиционери од невладиниот и да водите наводна борба за демократија за 3 и кусур илјади евра месечна плата. Ај да ве видам да го правите тоа за беспари, од срце, од душа и од внатрешен порив за правда. Срам ме фати кога ви ги прочитав висините на платите, пишува Ристова..

Инаку се почесто во јавноста се отвораат прашања за делувањето на СОРОС во Македонија.. Отец Ивица Тодоров на социјалната мрежа фејсбук објави статус во кој запрашан која е вистинската цел на соросоидската пропаганда и енормното вложување пари, тој вели:

- Целта е ментална и генетска мутација, а со цел личностите кои се целна група за обработување да го забрзаат светскиот процес на ентропија, односно празнање на ментално/ интелектуалните и духовните капацитети на конкретна личност, општество, нација, држава, човештво. Последната фаза на оваа програма, се разбира во целата оваа режија има и други деструктивни програми, тоа е формирање човештво без човек, односно, човештво без идентитет, односно, човештво без став, вредност и вистина.