Македонија
27. December 2017 - 16:19

ОТА ќе почне со работа во ноември 2018 година

За овозможување на непосредно активирање и техничко управување со мерките за следење на комуникациите, како и овозможување пристап до податоци од комуникациско-информациски систем, се основа Оперативно-техничка агенција како самостоен и независен државен орган.

На синоќешната владина седница предлог законот добил зелено светло. Од јануари влегува во собраниска процедура а агенцијата би требало да започне со работа во ноемвир 2018 година. До тогаш полицијата продолжува да работи според досешната регулатива, но актуелното раководство во МВР убедува дека во моментов прислушкување вршат само по судска наредба и нема можност за злоупотреба на системот, иако собраниската комисија досега не направил аконторла.

Оваа агенција објаснуваат од МВР е прв чекор за взаемна контрола на институциите. Опремата од УБК ѓе се сели во новата агенција, но членовите кои ќе бидат вработени ќе ја имаат само улогата на активатор на наредбите од судот, но не и на примач на информациите од процесот на прислушкување.

На синоќешната седница владата го утврдила и новиот текст на Предлог - законот за следење на комуникациите.

Од министерството за внатрешни велат дека ваквиот начин на функционирање на системот надвор од просториите на полицијата ги следи препораки на Прибе, но и вклучува контрола и на граѓанскиот сектор преку невладините организации кои ќе бидат вклучени во процесот и екпертите кои ќе бидат задолжени за контрола.

Министерот вели дека вработените во УБК ќе можат да бидат учесници на огласите за вработување во ОТА, оценувајки дека секој кој досега грешел треба да одговара пред законот. Од јуни до сега четворица од управата добиле отказа, а последниот решението го примил вчера.