Македонија
7. October 2017 - 13:39

Oсветена новоизградената црква „Свети Лука“ во Виница

Во присуство на голем број верници од Источна Македонија и со света божествена архиерејска литургија денеска во Виница беше осветен новоизградениот храм „Свети Лука“, ктиторство на виничанецот Горан Ангелов.

Со светатата божествена архиерејска литургија чиноначалствуваше  неговото блаженство архиепископот  г.г. Стефан во со служение на митрополитите Иларион и Аганатангел и свештеници од Брегалничката епархија.

Обраќајки им се на присутните верници поглаварот на МПЦ ОА г.г. Стефан истакна дека денешното осветување на овј нов храм посветен на светиот апостол Лука  се совпаѓа со одбележувањето на 50 годишнинатата од возобнувањето на МПЦ ОА.

Тој се заблагодари за ктиторството на Ангелов за овој велчичествен храм во Виница кој во иднина ке биде собиралиште на голем број верници од овој дел на државата. Поглаварот на МПЦ ОА г.г. Стефан на ктиторот Горан Ангелов му додели орден од МПЦ за новоизградениот храм.

Агелов потоа пред присутните верници ја предаде во управување на МПЦ ОА црквата „Свети Лука“ во Виница.