Осумдесет лица беа уапсени пред Конгресот на САД, кој подготвува реформи во здравството
Полицијата уапси вчера 80 демонстранти пред Капитол хил во Вашингтон, каде американските конгресмени ги обвновуваат дебатите во обид да го покренат процесот за реформирање на здравството.
Сенаторите ја обновија вчера работата по еднонеделниот одмор, а членовите на Претставничкиот дом ќе заседаваат денеска за реформите, со кои треба да се измени законот, познат како Обамакер, усвоен во 2010 година за време на владеењето на Барак Обама.
Полицијата соопшти дека уапсила 32 мажи и 48 жени поради недозволени протести.
Претседателот на САД Доналд Трамп инсистира усвојување на реформите, пред конгресмените да одат на одмор во август.
Републиканското мнозинство во Сенатот одби кон крајот на јуни да гласа за реформите поради големата внатрешна неусогласеност. Се додека умереното и ултраконзервативното крило на партијата не можат да постигнат спогодба, нацрт-законот не може да го добие неопходното мнозинство.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација