Свет
9. December 2015 - 13:52

Осум убиени и 19 ранети во самоубиствен напад во Багдад

Најмалку осум лица загинаа денеска во самоубиствен напад во близина на шиитска џамија во источен кварт на Багдад, соопштија извори од ирачките сили за безбедност. Во експлозијата во квартот Обеиди се ранети најмалку 19 лица.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но според истите извори, најверојатно тој е дело на групата Исламска држава, која често организира напади врз цивили шиити во Ирак.