Македонија
8. February 2017 - 9:21

Осум повредени во 11 сообраќајки изминатите 24 часа во Скопје

Осум лица се полесно повредени во пет од вкупно 11 сообраќајни незгоди што се случиле во текот на вчерашниот ден во Скопје. Во шест сообраќајки е причинета материјална штета.

Вчера од страна на сообраќајната полиција, санкционирани се 26 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената,  двајца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, 10 возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано, како и 15 возачи кои не се придржувале према ограничувањата, забраните и обврските изразени со поставените сообраќајни знаци. Затекнати се и 42 непрописно паркирани возила.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 62 возила.

Денеска  со почеток во 17:45 часот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во рамките на СЕХА лигата  ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу РК Металург и Загреб, Хрватска. Со цел непречено и безбедно одвивање на оваа спортска манифестација, од сообраќајната полиција ќе бидат превземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување.