Македонија
1. July 2016 - 20:33

Осуда од синдикатот на навредите кон полицајците партиите меѓусебно се обвинуваат за немилите сцени

Вулгарните и тешки навреди кои поединци од универзитетската и политичката фела,  ги упатија кон полициските службеници, кои вчера ја остваруваа својата службена должност при настаните во УКИМ, наидоа на најостра осуда и од македонскиот полициски синдикат. Оттаму бараат поголема почит на интегритетот и достоинството на полициските службеници.  

Како преставници на полициските службеници кои за сиот период на политичката криза во државата со својот професионален однос, но и дипломатски сенс за чуствителноста на актуелниот момент, прераснаа во најстабилниот фактор за одржување на безбедноста и мирот во овие случувања, бараме да се почитува интегритетот и достоинството на нашите колеги и да не се прават обиди за  нивна провокација со цел инволвирање во политичката криза. 

МВР соопшти дека полициските службеници превентивно и без употреба на средства за присилба се поставиле пред влезот на објектот, со цел безбедно да влезат тројцата студенти. Дел од студентите кои биле поставени позади полицискиот кордон, пробале да го пробијат, но истите од страна на полициските службеници се  задржани на безбедно растојание. Откако лидерот на студентскиот парламент и десеттина студенти  се обиделе да излезат од задната страна, биле пресретнати од група на студенти, при што К.С. бил бил удрен со тврд предмет. Полициски службеници поставиоле блокада со цел групата да одржи на безбедно растојание и да се овозможи студентите кои се наоѓале во објектот, слободно да го напуштат.

Од СДСМ обвинуваат за злоупотреба на специјалната полиција против студентите и бараат од  Митко Чавков да си замине oд позицијата Министер за внатрешни работи.

Хистерија, насилство и закани се вистинското лице на СДСМ и платениците на Сорос кое синоќа го виде целата македонска јавност и при изборот на Претседател на СПУКМ, реагираа од ВМРО ДПМНЕ.

Ваквите реакции доаѓаат откако членовите на Студентскиот пленум предводени од платениците на СДСМ и СОРОС се обидоа да го попречат вчерашниот избор за претседател на Студентскиот парламент, преку блокирање на избирачкиот процес.