Живот
6. November 2017 - 14:07

ОСТРОВОТ НА СМРТТА: Од ова место никој никогаш не се вратил жив

Еден остров во Индискиот океан невозможно е да се посети, ниту да се истражи, затоа што членовите на домородското племе кое живеат таму  се спремни да ги убијат сите кои ќе му се приближат. Островот Северен Сантинел се наоѓа недалеку од брегот на Индија и Тајланд, а го населува едно од најстарите племиња на планетата, кое потикнува од каменото доба.

Се верува дека домородците живеат на островот повеќе од 60.000 години. Современите проценки за нивната бројност се движат помеѓу 50 и 400 луѓе.

Неколку рибари, кои во 2006 премногу му се приближиле на островот наводно се фатени и потоа заклани. Меѓутоа, тие не се единствени жртви.
Оружјето со кое се справуваат со неповиканите гости, го изработуваат рачно, од метал кој го собираат од остатоци од бродови.