Македонија
19. September 2016 - 16:10

Остри реакции за двојазичноста на Заев и од нашите од Швајцарија, Австрија, Италија, САД, Канада, Данска

Македонската дијаспора од Швајцарија, Австрија, Италија, САД, Канада и Данска, најостро реагира на предлогот на Заев за воведување двојазичност на целата територија на земјава. Велат дека следејќи ги политичките настани во Македонија разочарани се од обидот на опозицискиот лидер за пазарење со националните и државните интереси.  

Жално е што опозиционата партија падна на толку ниско ниво што за лидер има човек што повеќе од очигледно е на нечија страна кој ли знае чија но секако не македонска кога сака во Македонија да направи службен не-македонски јазик сакајки да ги придобие гласовите за својата кандидатура и јавно прикажувајки ја подршката од непријателите на Македонија како Џорџ Сорос и други што од петни жили се трудат да го разнебитат ова мало парче земја и исцицаат таа малку крв што остана во нашите жили. Ве убедувам дека сите Македонци во Канада без разлика на нивните политички симпатии го осудуваат чинот што го направи Зоран Заев. Време е сите граѓани на Република Македонија сватат дека единствената шанса да не има е да бидеме единствени кога се работи за државните интереси и да ги осудиме тие што сакаат да ја уништат Македонија, стои во реакцијата на канадско-македонската заедница.

Зачудени и затекнати од конфузната изјава на Заев е и македонската заедница од Швајцарија.

Очекуваме и се надеваме дека Заев  со својата изјава сакал да укаже на потребата  и можноста  за подавање  рака и позитивна енергија од  мекедонската етничка зедница кон другите етнички  заедници, а  не  предлози кои  за дневни политички поени  ќе водат кон блокади, деструкци  конфликти. Македонска зедница  во  Швајцарија   предупредува  и  предлага  сите парти да се свртат кон проблемите со кои се соочуваа  македонските граѓани,  да ги посочат кочниница и решениата  на економскиот и технолокот и севкупен  развој на Република Македонија. Повикуваме партиите преку јасни предизборни  Програми   и заложби  да предложат нивно решавање, врз основа на што  граѓаните мериторно ќе одлучуват  кој  да ја води Република Македонија  во периодот по изборите, стои во реакцијата на македонската заедница од Швајцарија.

Дијаспората од Данска пак изјавата на Заев ја смета за очаен обид за придобивање на евтини политички поени и несмасно додворување на албанското гласачко тело.

 Свесно знаејќи дека ја губи и онаа мала поддршка што ја има од македонскиот народ, господинот Заев се фаќа за последната сламка спас, играјќи си со чувствата на илјадници Македонци ширум светот. Со неверување ја проследивме последната скандалозна изјава на Зоран Заев, чудејќи се колку ефтино е спремен да си ги продаде националните интереси, само за да добие некој глас повеќе. После ова се поставува прашањето, за какви други отстапки е подготвен господинот Заев доколку постане Премиер за да се оддолжи на оние кои го донеле на власт, кога дури сега застапува теза за двојазичност врз целата територија на Република Македонија? Од порано сме запознаени дека Зоран Заев посакува членовите на неговото семејство да го научат албанскиот јазик што е и негово легитимно право. За тоа постојат курсеви каде тој и неговото семејство можат да го сторат тоа. Но во никој случај немада дозволиме албанскиот јазик да стане официјален во цела Македонија. Македонската заедница во Данска најкатегорично го одбива предлогот на лидерот на СДСМ за двојазичност во Република Македонија. Се прашуваме, што све сте подготвени да направите се со цел да добиете глас повеќе , знаејќи дека Вашиот политички пораз е се поизвесен, реагира македонската заедница од Данска.

Изјавата на Заев предизвика огромен револт и кај нашите сограѓани и членови на македонското друштво Скопје од  Детроит.

„Најавите за проширување на болниот рамковен договор и дефинирање на албанскиот јазик за државен јазик се пример за како не треба да се однесуваат македонските лидери, пример за тоа како лесно се продаваат нашите национални интереси. Ние сме навредени од овие изјави. Но не сме изненадени. Што да очекуваме од партијата која ни го смени знамето, ни залепи референца наместо уставно име во Обединетите нации, ни го соголе нашиот народ во криминалната приватизација и го грабна целокупниот општествен капитал. Ова е само континуитет на штетните политики на СДСМ кои ги проведува нивниот лидер во заминување Зоран Заев, се вели во писмото на Македонското друштво Скопје испратено до медиумите.

Повеќе од 200 Македонци кои живеат и работат во Виена, на мирен протест вчера го изразија својот револт од иницијативата за воведување на двојазичност во Македонија. Со транспаренти „Доста ни е од предавници“ и „НЕ за федерализација на Македонија“ тие протестираа на обидот за менување на уставниот поредок на македонската држава.

Изјавата на Заев предизвика незадоволство и кај помалите македонски партии. Народното движење за Македонија смета дека залагањето на СДСМ за воведување на албанскиот јазик на цела територија на земјава е опасно, но и понижувачко за македонскиот народ.

Зоран Заев во интервју за интернет портал минатата недела предложи, албанскиот јазик да се користи како службен јазик во сите општини во Македонија, без разлика што во најголем дел од нив, воопшто не живеат етнички Албанци.