Балкан
30. July 2015 - 14:53

Оставка на директорот на „Државна лотарија на Србија“ по скандалот во последното коло од „Лото“

Директорот на „Државна Лотарија на Србија“, Александар Вуловиќ, денеска поднесе оставка на функцијата од „морални причини“, јави телевизијата „Н1“.

Како што дознава Б92, вработените во „ДЛС“ биле подложени на полиграфско испитување.

Информацијата за оставката на Вуловиќ пристигнува два дена по скандалот со извлекувањето на броевите во 59-то коло од играта на среќа „Лото“ што предизвика сомневања кај јавноста во  регуларноста на играта.

Од „Државна лотарија на Србија“ наведуваат дека се било апсолутно регуларно и дека проблемот со извлечените броеви и нивниот приказ во текот на ТВ преносот бил од графичка природа, а не проблем со текот на извлекувањето.

Од српското Обвинителство најавија проверка на целиот случај.

Како што дознава Б92, повеќе лица од „ ДЛС“ кои биле задолжени за организација и извлекување во 59-то коло од играта на среќа „Лото“ биле на полиграфско испитување, а според нашите сознанија, сите лица  го „минале“ полиграфот.