Балкан
13. August 2017 - 17:30

Остатоци од бродови и потопени населби лежат во крајбрежните води на Албанија

Нурнувајќи се под брановите, по првите неколку метри матна вода се откриваат кристални чисти води и глетка која го одзема здивот – десетици, можеби и стотици древни урни лежат на морското дно, што е доказ за некакво одамна заборавено патешествие, кое лошо завршило пред 1600 години.

Италијански брод од Втората светска војна, кој сега е дом на колонии риби и сунѓери, се појавува во мракот, а облеките на војниците се уште се расфрлани во неговата внатрешност.

Крај скалестите брегови на Албанија, едно од најмалку истражените крајбрежја во светот, лежат потонати населби: древни амфори со кои се пренесувало маслиново масло и вони по трговските маршрути меѓу Северна Африка и Римската империја, остатоци од бродови со сокриени приказни за хероизмот и предваствата од двете светски војни и впечатливите скалести нслаги и подводен живот.

- Од она што сум го видел досега не може да се преплива повеќе од неколку метри без да откриеш нешто кое ќе ви го одземе здивот, било да е од гледна точка на културата било од гледна точка на природата тука во Албанија, вели Дерек Смит, еколог и истражувач на крајбрежјата кој работи со невладинатата фондација РПМ за проучување на албанската крајбрежна линија во последните десет години.

Во моментов, Националната агенција за крајбрежјето на Албанија проучува како најдобро да ги истражи и заштити потонатите атракции, откако дозволи достап до нив за туристи кои доаѓаат во земјата која е се уште недопрена територија за истражувачко нуркање.

- Идејата за претставување на албанското подводно наследство е нова идеја во земјата затоа што досега се знаеше малку за богатата историја на албанското крајбрежје и особено што се однесува до остатоците од потонатите бродови, вели раководителот на агенцијата Аурон Таре, кој веќе 12 години се занимава со подводни истражувања. „Сметам дека веќе дојде времето да биде откриена вредноста на тоа наследство кое го имаме во нашите води“.

Некогаш поизолирана и од Северна Кореја, Албанија постепено се отвори кон меѓународниот туризам и се тргна од имиџот на заостаната држава, во која за кратко време се претвори во бандитска територија на крајот од 90-ите години. Всушност, постои опасност дека полесниот достап до подводните останки може да дојведе до нивно пљачкосување ако не се преземат адекватни мерки за нивно зачувување.

Се очекува наскоро да бидат донесени закони кои ќе го заштитат подводното богатство на земјата и истовремено да обезбедат определен достап за туристи.

Соседна Грција, на југ од Албанија, со маки одржуваше баланс меѓу туризмот и заштитата на древните артефакти. Грција толку стравуваше да не ги загуби своите подводни антиквитети што забрани подводно нуркање скоро нсекаде на нејзиина територија. Дури и денес нуркањето е забрането до некој остаток од брод или авион, направеби пред повеќе од 50 години, без разлика кога потонале.

Албанија се стреми кон побалансиран чекор.

- Ќе кажам дека во блиска иднина древните останки ќе бидат отворени за научници и истражувања, вели Таре потенцирајќи дека земјата исто изгубила дел од своето подводно богатство заради пљакосувањата во псоледните 20 години. Според него, ако постои достап до поновите останки од Првата и Втората светска војна нуркањето може да процвета во Албанија во идните пет години.

Фондацијата РПМ во соработка со Агенцијата за крајбрежјето, го картографирале морското дно на околу една третина од албанското крајбрежје, од Саранда до Флора блису до грчката граница. Користејќи сонари, но и високотехничка опрема, истражувачкиот брод досега открил скоро 40 потонати бродови.

- Досега РПМ документирал бродови од околу 3-иот и 4-иот век пред Христа, до Првата и Втората светска војна, рече Смит. „Така што имаме доста голем дијапазон од можеби 2500, 3000 годипни културни извори тука на албанското крајбрежје, кое навистина во голема мера е непроучено“.

Меѓу останките има и тнр. кораб Џони, трговски брод со четиричлен екипаж, кој главно превезувал амфори од Северна Африка.

Фактот што останките се имено керамички садови од Северна Африка е „многу важен, затоа што ги покажува трговските врски межу Јадранот и вереноафриканскиот брег“, вели подводниот археолог Матеус Полаковски, кој работи за РПМ.

Мали риби излегуваат од внатрешноста на стомните кои со текот на времето се претопиле со морското дно. Местото сеуште не е раскопано и археолозите сметаат дека дека уште многу амфори како и дрвениот труп на бродот можеби сеуште лежат недопрени на морското дно.

- Многу од овие останки се значајни како национално богатство, вели Полаковски. „Сметам дека тие останки од бродоломи стануваат не само човечки остатоци, туку исто го носат духот на културниот идентитет, културното наследство“.

Албанија е расположена на стратешко место на влезот во Јадранското Море и покрај древните трговски маршрути од Италија до Балканскиот Полуостров, вели Полаковски. Има уште многу за истражување.

- Албанија тука има околу 200 милји за истражување, вели Смит, морскиот еколог. „Иако имаме чувство дека сме откриле големо количество, има уште многу за откривање“.  

БТА - Софија