Џет-Сет
17. December 2017 - 20:19

Останете на Сител, вечерва големото финале на ТЛЗП: Тијана, Драгана, Едита, Стеван или Леон се борат за победа

Два ипол месеци го гледавме спектаклот на програмата на ТВ Сител, а вечерва со почеток во 21 часот не очекува големото финале од популарното регионално шоу „Твоето лице звучи познат.

Време е да го дознаеме името на победникот во 4. сезона. За титулата победник и парична награда од 25.000 евра која ќе биде донирана во хуманитарни цели, се борат петмината величествени: Едита, Тијана, Драгана, Стеван и Леон. Само еден од нив може да биде прв, а кој ќе биде зависи од публиката која гласа со СМС пораки.

По 11 емисии, добро ги запознавме, дознавме дека вешто се снаоѓаат во различни улоги и различни музички жанрови. Пееја рок, поп, народна, домашна и странска музика. Се испробаа во кожата на домашните и странските музички ѕвезди, покажаа бестрашност на сцена, исклучителни танцови и актерски способности и талент да фатат било каков ритам.

Да ве потсетиме, Тијана ја однесе победата како Лејди Гага, Едита пак за имитацијата на Тијана Дапчевиќ, Драгана Миќаловиќ два пати победи, како Луис и како Пинк, а Леон блесна како сараевскиот пејач Лака, а Стеван ги освои симпатиите на натпреварувачите и жирито со трансформацијата во Оливер Драгојевиќ.

Jedan od njih petoro je pobednik

И оваа емисија, како и полуфиналето се емитува во живо, така што оваа петорка ќе ја видиме во полн сјај. Ќе не забавуваат со новите музички задачи, со трансформациите кои можат да пресудат жирито да донесе правилна одлука. Жирито и овој пат ќе биде активен и духовит. Специјален гостин во жирито е Тончи Хуљиќ, а редовните членови на жирито - Александра Радовиќ, Андрија Милошевиќ и Бранко Ѓуриќ Ѓуро - подготвуваат посебно изненадување, и ќе ги видите во потполно поинакви улоги.

Во ревијалниот дел на вечерта ќе настапат и натпреварувачите кои не се пласираа во финалето, и тие ќе имаат посебни задачи, а ќе не забавуваат и специјални гости.

А во чија кожа ќе се најдат финалисите!?

Едита како Бијонсе

Тијана како Фреди Мерклјури

Драгана како Џенифер Лопез

Стеван како Елвис Присли

Леон како Синан Сакиќ

Победата никогаш не била понеизвесна, жестоките подготовки се во тек, а фаворитите сигурно ќе дадат се од себе публиката да гласа токму за нив.