Свет
26. March 2017 - 13:38

Останаа да лежат во локви крв: Неколку лица направија маскар во ноќен бар

Едно лице загина утрово, а најмалку 15 се повредени при напад во ноќен клуб во Синсинати, јави „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на локалната полиција, која соопшти дека нападот го извршиле „неколку лица“.

Нападот се случил во ноќниот клуб „Камео“ околу 1.00 часот по локално време, соопшти полиција во Охајо.

Полицискиот претставник Ким Вилијамс наведе дека властите во Ојахо не се сигурно што го предизвикало нападот во ноќниот клуб, напоменувајќи дека во сабота навечер во тој клуб има голем број млади лица и дека и претходно таму имало инциденти. 

- Сепак ова е најлошо до сега, нагласи Вилијамс. 

Повредените се хоспитализирани, а неколку лица се во животна опасност. 

Се уште никој не е задржан како осомничен, а полицијата ги испитува сведоците.