Македонија
6. October 2016 - 19:24

Основен суд за СЈО: Бараат определување мерки по непостоечки членови од закон

СЈО не го познава законот и постапува непрофесионално, реагира скопскиот кривичен суд. Во соопштение испратено попладнево од судот велат дека Јанева бара блокирање на трансакциски сметки на осомничено лице, без при тоа да наведе за кои сметки станува збор и во кои банки се отворени. Истовремено од судот велат дека Обвинтиеслтвото не го познава ниту законот за кривична постапка, па при поднесувањето на барања се повикуваат на одредби кои воопшто не постојат во наведените членови од законот.

„По јавните прозивки на квази експерти и „професионалци“ во нивното „професионално работење“ и гостување по најразлични телевизиски шоуа го претворија правосудниот систем во шоу парада, а истите Основниот суд Скопје 1  - Скопје со своето „длабоко незнаење“ го претставуваат дека има двојни аршини. За двојните аршини на СЈО и квази експертите сама нека процени јавност зошто судот ваквиот предлог и сите предлози доставени од нивна страна дури по три пати ги враќа на нивна корекција како би можел да одлучи.“ – стои во писменото соопштение на Судот