Македонија
31. March 2018 - 16:27

Основци од Кочани одат на светски напревар по роботика во САД

Први места во Србија и Словенија освоија кочанските основци и средношколци на натпреварите по роботика. Во силна конкуренција на учесници од повеќе европски земји, нашите ученици и нивниот наставник Гордан Анастасов, во рамки на регионалната Адриа лига се изборија за прво место во категориите „Основни вредности“ и „Најдобар ментор, и трето место во „Игра со роботи“.

- Ние како пионери на македонската роботика, како прв тим од македонија кој се натпреварува во овие натпревари, сме многу среќни и радосни што успеваме да го освоием првото место во Србија, да постигнеме прекрасни успеси во Словенија, изјави Давид Стојков, Ученик во IX одделение. 

Како еден од најдобрите тимови од Европа, кочанчани добија покана за учество на светското првенство во Детроит, САД, кој ќе се одржи од 25-ти до 28-ми април годинава. Тие сега се соочуваат со проблем од финансиска природа, зашто и покрај напорите на родителите и општината, се уште и недостасуваат дел од средствата за реализација на ова патување.

- Мора и некои поголеми компании или бизнис секторот во Републиката да застанат зад нас и да помогнат со парични средства за да може сета ова приказна да продолжи и успехот наш да го видат и во светски рамки, изјави Гордан  Анастасов, наставник 

Помош за сместување добиле од македонската дијаспора од Детроит, но сепак мора да се изнајдат средства за реализација на патувањето. Ова е извонредна можност македонските ученици да ја претстават нашата земја во најдобро светло, каде покровители на првенството се Microsoft и Google.