Основачот на Фејсбук објасни зошто вовел “safety check” само за Париз
Основачот на Фејсбук Марк Цукерберг се најде на удар на јавноста откако ја воведе операцијата “safety check” за жителите и посетителите на Париз, но не и зa другите делови од светот кои беа мета на терористите.
Корисниците на Фејсбук се огорчени што “safety check”, опцијата која се активира само кога во прашање се природни катастрофи е активирана по нападите врз Париз, но не и а нападите во друготе делови од светот во кои секојдневно во терористички напади умираат невини луѓе.
-Вчера стотини недолжни луѓе загинаа во напад во Либан, 500 во Палестина, 200 во Јемен. Минатата година загинаа 400.000 луѓе во Сирија, пред пет години милион ипол луѓе во Ирак и никој не кажа ни збор, светот молчеше. Во денешниот напад во Париз загинаа 150 луѓе и светот полуде...Нела почиваат во мир сите невини кои загинаа во Париз и нека почиваат во мир сите невини кои никогаш не се споменати, напиша корисничката Мано Мускан.
Основачот на Фејсбук Марк Цукерберг рече дека луѓето со право го поставуваат тоа прашање и објасни дека опцијата “safety check’” била само за природни катастрофи, а дури во петокот е одлучено дека би требало да се користи за вакви трагедии.
-Ние се грижиме за луѓето подеднакво, напиша Цукерберг и ги повика корисниците подетално да прочитаат за опцијата “safety check’ на линкот OVDE.
Корицниците Цукерберг го прозваа и за опцијата на боење на профилната фотографија со француските национални бои, барајќи од него таа опција да ја воведе за сите земји во кои луѓето гинат од тероризам.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација