Фудбал
6. January 2016 - 11:39

Осминафинални натпревари во „Копа дел Реј’’

 Во шпанскиот фудбалски куп, популарниот „Копа дел Реј’’ денеска и утре ќе се игаат првите натпревари од осминафиналето. 
 
Денешната програма ќе ја отворат минатогодишниот финалист Атлетик Билбао и Виљареал со средбата која ќе започне точно напладне.
 
Во терминот од 16 часот ќе старуваат дуелите, Валенсија – Гранада и Мирадес – Депортово Ла Коруња. 
 
Првото од трите градски дербија е во терминот од 18 часот и 15 минути, кога е закажан почетокот на мечот Бетис - Севилја. Од 20:30 часот на „Камп Ноу’’ ќе играат Барселона и Еспањол, а локалното мадридско дерби меѓу Рајо Ваљекано и Атлетико Мадрид ќе почне од 22 часот и 5 минути.
 
За утре (од 20:30 часот) закажани се последните два меча, Еибар – Лас Палмас и Кадиз – Селта Виго. 
 
Реванш дуелите ќе се играат на 13 и 14 јануари.